Исплатени над 10 милиони денари субвенции

Bez autora
Dec 22 2011

Субвенциите за пченица и јачмен и млеко почнаа да им се исплаќаат на земјоделците во Велешко. За само десетина дена исплатени се над десет милиони денари, што е 60 насто од вкупно колку што треба да добијат 1.500 земјоделци од општините Велес, Градско и Чашка. Од подрачната единица на Министерството за земјоделство информираа дека до крајот на годинава сите апликанти ќе ги добијат субвенциите за житни култури. Според раководителот на подрачната единица Антонио Трајковски, субвенции за предадено млеко добија и сите 200 сопственици на крави, колку што и аплицираа. Годинава од посеаните 8.200 хектари, од кои 4.500 под пченица, беа собрани над 12.000 тони лебно жито и околу 9.000 тони јачмен. Осумдесет проценти од родот го откупи компанијата "Жито Вардар" додека останатите количества беа продадени на други компании. Дел од јачменот го откупи фабриката за добиточна храна од Градско додека немал дел го откупија сточарите чиј што број во последниве години е се поголем. За неколку години бројот на овците и козите ја достигна бројката од над 60.000 грла.

Исплатени над 10 милиони денари субвенцииСубвенциите за пченица и јачмен и млеко почнаа да им се исплаќаат на земјоделците во Велешко.

За само десетина дена исплатени се над десет милиони денари, што е 60 насто од вкупно колку што треба да добијат 1.500 земјоделци од општините Велес, Градско и Чашка. Од подрачната единица на Министерството за земјоделство информираа дека до крајот на годинава сите апликанти ќе ги добијат субвенциите за житни култури. Според раководителот на подрачната единица Антонио Трајковски, субвенции за предадено млеко добија и сите 200 сопственици на крави, колку што и аплицираа.

Годинава од посеаните 8.200 хектари, од кои 4.500 под пченица, беа собрани над 12.000 тони лебно жито и околу 9.000 тони јачмен. Осумдесет проценти од родот го откупи компанијата "Жито Вардар" додека останатите количества беа продадени на други компании. Дел од јачменот го откупи фабриката за добиточна храна од Градско додека немал дел го откупија сточарите чиј што број во последниве години е се поголем. За неколку години бројот на овците и козите ја достигна бројката од над 60.000 грла.

За првпат, по подолго време, земјоделците годинава навреме ги добиле парите за предадената пченица и беа задоволни како од родот и квалитетот, така и од навремената исплата. Меѓутоа, поради долготрајната суша оваа есен тие не можеа да ги посеат планираните површини под пченица и јачмен. Од планираните 7.500 хектари посеани се само околу 4.100 хектари, а поради непроникнување земјоделците од Оризари, Иванковци, Извор и Чашка мораа да ги преораат повеќе од 600 хектари кои беа посеани под пченица. Субвенциите за предадено млеко деновиве ги добија и сите 200 сопственици на крави. Најголем број од нив се од Оризари, Водоврати, Бузалково и Црквино.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik